Хуманоста на луѓето не познава граници, а доказ за тоа е гестот на фудбалерот на Силекс, Ваљмир Јонузи, кој денес донираше 3.000 денари на Давид Стојановски од Кратово, кому му е потребна итна операција во Виена. На акцијата за собирање средства за Давид активно се приклучи и спортскиот педагог од Тетово и фудбалски тренер Љупчо Перински.

















