gogo

A+ R A-


Брегалница пресилна, Силекс и по две кола без бодови

Во убава атмосфера, во присуство на повеке од 2.500 илјади љубители на фудбалот,штипските сини освоија уште 3 значајни бодови.Во Штип ја победија екипата на Силекс со 2:0 (1:0).Головите за Брегалница ги постигнаа Ристе Наумов во 26 минута и Елмир Мандак во судиското продолжение по истекот на регуларните 90 минути.

Победата на Брегалница е заслужена.Штипјани во првото полувреме играа технички дотеран фудбал и имаа 4-5 убави прилики,но не ги реализираа.Во 26 минута најдобриот фудбалер на Брегалница Горан Здравков одлично го изведе третиот корнер и нафрлената топка пред голот на гостите ја прифати искусниот Ристе Наумов и од 5-6 метри со глава ја зари топката во голот на одличниот Божиновски.

Во второто полувреме гостите од Кратово,кои секогаш се незгоден противник за Брегалница можеа да го израмнат резултатот.Голема шанса имаше Заревски во 63 минута кога од непосредна близина биеше покрај голот,а во 83 минута Лампевски упати

бомба која помина покрај голот на Брегалница.Сепак штипјани во вториот дел од второто полувреме имаа неколку колосални шанси и тоа Митров кој на двапати биеше кон голот на Божиновски и Здравков ,кој од 18 метри за неколку сантиметри не го погоди гостинскиот гол.Сепак , Здравков беше фудбалерот кој ја запечати судбината на Силекс.Неговата маестрална игра заврши со уште едно негово одлично проигрување во празно.Му ја додаде топката на Елмир Мандак кој издрибла еден противнички фудбалер,а потоа и голманот,и стрелаше во небранетата мрежа.Играта беше коректна и фер со вкупно 17 прекршоци.Судијата Димитар Мечкаровски ,кој и овој пат покажа дека е најдобар македонски судија ,додели жолти картони на Андонов ,Белчев и Велковски од Брегалница и Насевски од Силекс.

„Заслужена победа на Брегалница.Им честитам победата на штипјани бидејки беа подобар противник .Жалам што нашиот фудбалер Заревски не ја искористи големата шанса во второто полувреме сепак штипјани оставија одличен впечаток и по играта што ја прикажаа и атмосферата на трибините "-изјави тренерот на Силекс Љубo Милошевиќ.

alt

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.