gogo

A+ R A-


Брегалница - Силекс 0-2, Недељковиќ и Тимовски творци на победата (ВИДЕО)

altШтета што никој од редовите на Силекс не го забележа неправилниот настап на Таипи од Шкендија во првото коло, во тој случај Силекс по три кола ќе беше лидер на табелата со 9 бода. Но, дека со кратовци и годинава нема шега, доказ е денешното гостување на Брегалница и уште една лесна победа од 2-0 на теренот во Кочани. Ја имаа кратовци контролата во мечот во сите 90 минути, а на водството се чекаше до 67-та минута, кога Игор Недељковиќ сам изнуди пенал, трет сезонава над него, и потоа реализираше за водство на Силекс.alt Работите можеа да се искомплицираат некоја минута подоцна, кога Џонов непромислено стартуваше грубо на центарот од игралиштето и заработи директно исјлучување. Тоа можеше да го казни Темелков во 90-тата минута, кога ја погоди пречката од слободен удар. Во контранапад Недељковиќ одлично асистираше до Тимовски, кој мајсторски од 20 метри го лобуваше КоБетиќ за конечни 2-0.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.