Првата контролна средба во Штип, Брегалница - Силекс, наместо на стадионот во Суитлакот, кој беше под вода се одигра на убаво дотераниот терен во населбата Баби. Традиционално овие две екипи постојано се на картата на пријателски средби, на кои се бараат најдобрите состави и воигруваат тактичките варијанти.
За тимот на Брегалница, шефот на стручниот штаб Али Ѓунеш, денес се реши за следните играчи: Колев,Ристов, Дарко Стојанов, Стефан Коцев, Андонов, српскиот интернационалец, Душан Нацев, Блажевски, Наумов, Илиев и Велковски, а на клупата за резерви беа: Божиновски, Ступиќ, Здравков, Глигоров, Стефан Костов и Стефан Мишев.
За Силекс тренерот Трајче Сенев се реши за: Симов, Тимовски, Лазаревски, Петров, Јанев, Коцев, Магловски, Пановски, Мандак, Велинов и Ѓоргиев, додека на клупата за резерви беа: Павлов, Заревски, Марков, Дурански и Мариќ.
Во првиот дел се прикажа брза и борбена игра, во која играчите на Силекс беа посмирени, по сталожени и постигнаа два гола. Во 9 минута водство на Силекс од 0:1 донесе дефанзивецот Петров. Вториот гол, а со тоа и конечниот резултат победа на Силекс од 0:2, беше дело на некогашниот играч на Брегалница Ѓоргиев, во 36 минута.
http://iris.mk/index.php/vesti/sport/9258-2014-02-01-15-46-25