gogo

A+ R A-


Брегалница со седум засилувања, но и десет заминувања

Фудбалскиот прволигаш Брегалница направи богат пазар во летниот преоден рок, купувајќи седум проверени и квалитетни фудбалери. На голманската позиција „сините“ го ангажираа искусниот Даниел Божиновски од Силекс, а во одбранбената линија се засилија со Никола Мишовски од Работнички и Глигор Глигоров од Зрињски. Средината на теренот ќе ја контролираат засилувањето  од Спартак Плевен, Бугаринот Васил Шопов, заедно со Драган Паунов и Ефтим Аксентиев од Гостивар. Во нападот се очекуваат погодоци од искусниот Бошко Ступиќ, кој доаѓа од Работнички.

-Добивме квалитетни засилувања во сите линии на тимот, но се уште е рано да кажам дали сме посилни од лани. Посакувам уште неколку нови играчи до крајот на преодниот рок, за да ја засилиме конкуренцијата во тимот. Кога ќе се доекипираме, ќе имам појасна претстава за можностите на тимот. Во овој момент ќе бидам скромен и нема да се „излетувам“ со високи амбиции околу пласманот на табелата. Би сакал да ја подобриме ланската шеста позиција на табелата – изјави стратегот на штипјани, Добринко Илиевски.

Штипските „сини“ летово останаа без услугите на интернационалците Вучетиќ, Чановиќ и Никитовиќ, а замина и ветераните Елмир Мандак, Јовица Трајчев и Горан Димовски. Клубот го напушти и Зоран Златковски, Марјан Андонов и Томе Јанев, а најголем хендикеп е заминувањето на Иван Митров во грчкиот ГАС Егиниакос.

Што се однесува до контролните мечеви, летово Брегалница одигра вкупно седум. Совладани беа новите прволигаши Еуромилк и Македонија ЃП, реми завршија мечевите со Тиверија, Монтана и Пирин Разлог, а поразени беа од Локомотив Пловдив и Силекс.   (О.А.)  www.dnevnik.com.mk

alt


Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.