Иако се очекуваше кратовскиот прволигаш Силекс зимава да биде еден од најактивните клубови на трансфер-берзата, засега нема ништо од тоа. Помина половина од зимскиот преоден рок, а во таборот на фудбалскиот прволигаш Силекс нема речиси никакви промени на играчки план. Тешката и незавидна позиција на табелата требаше да биде поттик за засилени активности на трансфер-пазарот, но засега раководството на кратовци нема обезбедено потпис од ниту еден фудбалер. Од друга страна, клубот го напуштија четворица фудбалери, од кои тројца беа стандардни првотимци во минатата сезона. Сосема неочекувано клубот остана без услугите на столбот на одбраната Никола Мишовски, кој кариерата ја продолжува во дресот на Работнички. Излезната врата во клубот им беше покажана и на тетовците Мирослав Атлески и Милан Богдановски. Атлески веднаш пронајде нов клуб и во пролетниот дел од сезоната ќе настапува за второлигашот Македонија ЃП. Пред заминување од Кратово се наоѓа и ветеранот Саша Васов, кој имаше солидни настапи во црвено-синиот дрес, но често го мачеа повредите. Сепак, тренерот Небојша Петровиќ најавува неколку засилувања до крајот на неделата.
Четворица си заминаа од Силекс, нови нема
Најново
![]() | Денеска | 2070 |
![]() | Вчера | 2931 |
![]() | Оваа недела | 9608 |
![]() | Минатата недела | 34620 |
![]() | Овој месец | 35498 |
![]() | Минатиот месец | 133267 |
![]() | Вкупно | 20953507 |