gogo

A+ R A-


Чоко симнат од престолот, Баже Илијоски е новиот „крал на погодоците“

Зоран Бошковски - Чоко веќе не е прв на вечната листа на стрелци во македонското првенство, откако вчера Баже Илијоски беше крунисан за „крал на погодоците“. Интересно е што Илијоски го симна Чоко од престолот со погодок токму во Кратово, каде Чоко во дресот на Силекс постигна најголем дел од своите 125 погодоци.

Баже Илијоски го постигна голот со кој Пелистер израмни на 3:3 на гостувањето кај Силекс и на тој начин стигна до толку посакуваниот 126-ти погодок во своите настапи во Првата македонска фудбалска лига.

Фотографија на Аберџија / Aberdzija news portal.

 

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.