Мечот од 13-тото коло на Првата македонска фудбалска лига меѓу Силекс и Работнички покрај интересен фудбал, приреди и два куриозитетни моменти што ретко се гледаат на фудбалските терени. Едниот се случи во 28-та минута, во акцијата по која Работнички дојде до водство во Кратово. Гледачите беа сведоци, а тоа добро се гледа и на видео-снимката дека при додавањето од Петровиќ до стрелецот Цикарски, правецот на движење на топката го промени главниот судија Стојанче Стојанов, кој буквално со петица му асистираше на Цикарски, а секако ненамерно му наштети на Силекс.
Вториот момент се случи исто така во првото полувреме, кога при еден жесток дуел на Ангелче Тимовски и Милован Петровиќ, настрада толку многу фалената топка „Јако“, која не го издржа притисокот и пукна. Мечот продолжи со нова топка, а пукнатата заврши како сувенир за едно дете - собирач на топки.
Циркус во Кратово: Пукна топка, судија асистира за водечки гол на Работнички
Најново
![]() | Денеска | 2355 |
![]() | Вчера | 4607 |
![]() | Оваа недела | 6962 |
![]() | Минатата недела | 34620 |
![]() | Овој месец | 32852 |
![]() | Минатиот месец | 133267 |
![]() | Вкупно | 20950861 |