Фудбалерите на Кожув (Миравци) денеска во Штип го збришаа тимот на Вардар Неготино со 5-0 и обезбедија учество во второлигашкото друштво и следната сезона. Додека на теренот царуваше само една екипа, на трибините друга песна. Околу 1.000 страсни навивачи на Вардар Неготино направија фантастична атмосфера, која не беше поматена ниту со раното водство на Кожув во првата минута, ниту со црвениот картон за неготинскиот тим во 15-тата минута. Но, откако го примија и вториот погодок и стана јасно дека и годинава ќе извисат во баражот, „Винари“ својот гнев го насочија кон резервната клупа на Кожув. Стручниот штаб и резервните фудбалери беа збиени на мал простор, а се закануваше уште поголем инцидент кој навреме беше спречен од полициските „желки“. Во тие мигови мечот беше во петминутен прекин, а делегатот Добре Иванов се одлучи на соломонско решение на проблемот. За да не дојде до празнење на трибините и немили сцени, па дури и можен прекин на мечот, падна одлука двете резервни клупи на сред меч да се преселат на спротивната страна од теренот.
И ќе беше се во ред, доколку на спротивната страна имаше кабини, или барем клупа за седење. За жал, на пеколното штипско сонце, резервните фудбалери и стручните штабови на Вардар и Кожув исполегнаа на тревата и последните 30-тина минути ги минаа во амбиент кој наликува на гротеска. Ете тоа е македонскиот фудбал!
Циркус во Штип, „Винари“ ги избркаа „резервистите“ на спротивната страна од теренот
Најново
![]() | Денеска | 240 |
![]() | Вчера | 2931 |
![]() | Оваа недела | 7778 |
![]() | Минатата недела | 34620 |
![]() | Овој месец | 33668 |
![]() | Минатиот месец | 133267 |
![]() | Вкупно | 20951677 |