Македонската ракометна репрезентативка Дајана Јовановска во новата сезона ќе има и нов клуб. 25-годишната кратовка Јовановска настапува на левата бековска позиција, а минатата година ја мина во романски Данубиус, но откако двете страни не се договорија за нова соработка, таа мораше да бара нова средина.
Македонката ќе продолжи во Исланд, каде ќе го носи дресот на Копавогс. Сезоната на Исланд стартува во септември, па така, Јовановска ќе има доволно време да се подготви со новиот клуб.
Репрезентативката претходно настапуваше и за ЖРК Металург, со кој беше дел од Купот на победниците на Куповите, како и ЕХФ-Купот.