Нема успеси во фудбалот без долга и квалитетна клупа. Тоа добро го знаат сите, а го знаеја и тренерите на Силекс, Тасевски и Симов. Можеби Силекс во есенската сезона немаше долга и квалитетна клупа, но затоа речиси секогаш прв избор на тренерите беше штипјанецот ДАРКО АЛЕКСОВСКИ - ПЕЛЕ. За волја на вистината, Пеле на неколку меча беше и стартер, но сепак, најчесто влегуваше како прва замена, играјќи повеќе од солидни триесеттина минути. За него сите велат дека игра фудбал со срце, без многу размислување. А зошто и би размислувал еден играч како него што поседува топ во ногата. Знаеше Пеле често да распали од дваесеттина и повеќе метри, постигнувајќи евроголови на мечевите од националниот Куп. Неколку пати немаше и среќа, погодувајќи ја рамката на голот. Двапати се запиша во листата на стрелци, против Ренова и Македонија ЃП. Стрелаше и во купот против Братство Влазними. Пропушти само два меча, против Вардар и Работнички, останувајќи на клупата.
Знаејќи ги квалитетите на Алексовски, очекуваме на пролет да добие поголема шанса, поголема слобода во играта и многу голови.
ДАРКО АЛЕКСОВСКИ - ПЕЛЕ - најдобар играч на Силекс од „сенка“
Најново
![]() | Денеска | 3916 |
![]() | Вчера | 12395 |
![]() | Оваа недела | 25041 |
![]() | Минатата недела | 31600 |
![]() | Овој месец | 16311 |
![]() | Минатиот месец | 133267 |
![]() | Вкупно | 20934320 |