gogo

A+ R A-


Деби на Глигоров со гол за триумф во Суперкупот

пишува - Оливер Арсовски

altПоранешниот фудбалер на Силекс и повремен репрезентативец Глигор Глигоров - Гиле имаше деби од соништата за својот нов клуб Тампинес Роверс. Прв официјален меч, победнички погодок и Супер-куп титула во Сингапур, вака накратко може да се сублимира настапот на Глигоров викендов за својот тим.

-Одлично ми тргна во Сингапур, веќе на првиот официјален меч во дресот на шампионот Тампинес постигнав погодок во 60-тата минута за конечни 2-0 против Хоум Јунајтед, во финалето на Черити шилдс купот на Сингапур, или дуелот на првакот и освојувачот на купот. Веднаш ја добив довербата од тренерот и настапив 75 минути пред околу 2000 публика. Само вака да продолжам и ќе биде супер - ни се пофали екс-голгетерот на Силекс.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.