И Вардар, и Шкендија, ама и Брегалница знае да го предизвика вниманието на фудбалската јавност кога гостува во Кратово. Впрочем, гостувањата на штипјани во Кратово ретко кога минале во пријателска атмосфера, редовно имало многу искри и на теренот и на трибините, а неретко доаѓало и до инциденти. Дербито на Истокот се игра денес во Кратово, во 16 часот, а дополнителна тежина на мечот му дава ситуацијата на табелата, која вели дека на двата тима бодовите им се суво злато. Ако Силекс киксне, тоа ќе значи крај на потерата по Пелистер и Ренова, и крај на надежите за излез во Европа. Од друга страна, Брегалница веќе заостанува 6 бодови зад директниот конкурент Победа, па со нов пораз дефинитивно ќе се
прости со прволигашкиот статус.
Во една таква наелектризирана атмосфера, на која масло врз огнот секогаш долеваат гостинските навивачи, кои неретко знаеле во поголем број да дојдат во Кратово, за очекување е да има инциденти, искри на теренот, но и на трибините. Под лупа ќе биде и судењето на Марјан Ецкоски и неговите помошници, затоа што и двата клуба пред неколку дена фрлаа дрвја и камења по арбитрите и по фудбалската федерација, сметајќи дека се драстично оштетени на дуелите со Победа и Пелистер.
Денес се игра дербито на Истокот, ќе „врие“ и на теренот и на трибините во Кратово
Најново
![]() | Денеска | 1243 |
![]() | Вчера | 3446 |
![]() | Оваа недела | 1243 |
![]() | Минатата недела | 34620 |
![]() | Овој месец | 27133 |
![]() | Минатиот месец | 133267 |
![]() | Вкупно | 20945142 |