Денешниот ден е вистински празник на фудбалскиот Исток, денес во Кочани, на неутрален терен ќе се види кој е владетелот на Истокот, дали фудбалерите на Силекс или условно домаќинот на овој меч, Брегалница од Штип. Атмосферата е наелектризирана, бодовите се потребни и на двата тима за да се зацврстат во горниот дел од табелата, далеку од последните две места кои водат во понизок ранг.
Во редовите на Силекс сите играчи се подготвени за битка, нема повредени и суспендирани фудбалери. Кај домаќинот ќе го нема Ангел Нацев поради повреда и Саше Ѓорески поради црвен картон во претходното коло. Интересно е што и двајцата се поранешни играчи на Силекс.
Во обложувалниците букмејкерите, по малку зачудувачки, и даваат предност на Брегалница. Квотата за 1 е 2.30, а за тримф на кратовци околу 2.80. Мечот започнува во 16.30 на стадионот „Никола Мантов“во Кочани, а ќе го суди Димитар Мечкаровски.
