Само што заврши една непријатна серија од мечеви, во која играчите на Силекс одиграа само еден домашен меч и четири гостински мечеви, следува нова непријатна серија од три меча против трите најдобро пласирани тимови на табелата. Првиот меч се чини најлесен, но сите во таборот на кратовци се свесни дека нема да биде лесно денес (13 часот) против тимот на Академија Пандев.
Табелата опоменува, а на неа кратовци се последни, со само 11 бода од можни 39 бодови. Добрата вест е што ривалите за опстанок се на еден до шест бодови растојание, што се надоместува со две врзани победи.
-Нема да биде лесно, тоа сите добро го знаеме. Ние мора да се кренеме, не смееме на зимска пауза да заминеме како фенерџии на табелата. Академија Пандев е квалитетен тим, кој инспирира. Ние треба да одиграме максимално, како против Работнички, и во тој случај ќе славиме триумф и можеби ќе го избегнеме дното - вели Дарио Десниќ, кој веројатно ќе го започне мечот од клупа, но се надеваме дека токму првиот првенствен погодок ќе го постигне денес за славје и три бода на својот тим.
Десниќ: Ќе биде тешко со „пандевци“, но бодовите остануваат во Кратово
Најново
![]() | Денеска | 4000 |
![]() | Вчера | 12395 |
![]() | Оваа недела | 25125 |
![]() | Минатата недела | 31600 |
![]() | Овој месец | 16395 |
![]() | Минатиот месец | 133267 |
![]() | Вкупно | 20934404 |