По црната серија од пет кола без победа, конечно добра вест за симпатизерите на Силекс. Српскиот голман Милан Митровиќ кој минатата сезона со голем успех го бранеше голот на кратовци и стана миленик на домашната публика, деновиве потпиша нов договор со Силекс. Српскиот инетрнационалец во пресрет на дуелите со Вадуц ја скина тетивата и мораше да ја пропушти целата есенска сезона, иако бранеше во животна форма.
-Повредата е минато, се вратив во тренажен процес и напролет ќе го видите стариот добар Милан. Можев и порано да се вратам на теренот, но во договор со лекарскиот тим одлучивме да не ризикуваме обнова на повредата. Можам да кажам дека раководството на Силекс беше максимално коректно и не ме остави на цедило, туку ми понуди нов двогодишен договор, кој јас го прифатив без размислување. Силекс на голот го има Вујанац, кој е квалитетен голман, па силната конкуренција може да му донесе само бенефит на клубот - информираше Митровиќ.
ÂÂ