Тренерскиот тандем на прволигашот Силекс, Зоран Штерјовски и Драган Иванов - Џајо, како и Момчило Митевски беа дел од првиот модул за добивање УЕФА ПРО лиценца потребна за водење прволигашки клубови. Центарот за Едукација на Фудбалската федерација на Македонија започна со едукација на тренерите за добивање на УЕФА ПРО Диплома од 4. генерација. Првиот модул од оваа програма се одржа на 13. и 14. октмоври 2014 во Скопје со теоретско – практични презентации на домашни предавачи и инструктори, додека вториот модул ќе се одржи од 20. до 23. октомври во Нион, Швајцарија во седиштето на УЕФА каде теоретски и практични презентации ќе имаат врвни европски тренери...Дејвид Мојс, Пеки Бонер, Нико Ромејн, Питер Рудбек, Хауард Вилкинсон.
Теоретско – практичната програмата за добивање на УЕФА Про Диплома трае 240 часа и кандидатите ќе имаат можност да ја проследат во период од една година во повеќе модули. По завршувањето на програмата тренерите ќе можат да пристапат кон практично теоретскиот испит.
Во оваа група на кандидати за УЕФА Про тренерска диплома помеѓу другите се и Драги Сетинов, Жарко Серафимоски, Неби Мустафи, Александар Васоски, Срѓан Захариевски, Игор Ѓузелов, Неџат Шабани, Игор Ангеловски, Гајур Садики, Јане Николоски, Горан Станиќ, Виктор Треневски.