Фудбалерите на Силекс го направија најголемото изненадување во националниот Куп, триумфирајќи на гостувањето во Боговиње. Победата од 2-1 е слатка одмазда за поразот кој кратовци го доживеаја пред неполн месец од 2-1. Стрелец на двата погодока беше Велинов, откако домаќините поведоа преку Идризи. Тогаш Ане Андовски дебитираше на клупата на Дрита, а овојпат новиот тренер на Силекс, Небојша Петровиќ пронајде „лек“ за тактиката на Андовски. Реваншот се игра на 21 ноември во Кратово.
Небојша Петровиќ: Екипата на Дрита со комбинирана екипа, а тоа го искористивме со нашето поголемо искуство. Заслужено победивме. Им благодарам на домаќините за коректниот пречек.
Ане Андовски: Поради здравствени причини некои од играчите на тренираа во текот на неделата а и факт е дека во 10-тото коло играме со Шкендија и бевме приморани да ги одмориме некои од стандардните играчи. Им дадовме шанса на помладите, а што се однесува до резултатот мислам дека ништо не е загубено и ќе одлучи реванш средбата во Кратово. Имаме квалитет да победиме.