Фудбалерите на Силекс попладнево имаа успешна “генералка“ пред стартот на новата сезона во ПМФЛ, откако со 3:0 на гостински терен го совладаа тимот на Кадино. Во текот на целиот меч избраниците на Симов беа далеку подобар противник, а стрелци на головите беа Иван Ивановски на два пати, и Филип Дурански во вториот дел, кога ги постави конечните 3:0.
Всушност, со овој погодок Филип Дурански најави враќање во дресот на Силекс, иако се уште не е регистриран за Силекс. Екс капитенот на кратовци е многу блиску до потпис, го делат само неколку детали за да конечно каже ДА и одново да се најде во тимот на прволигашот од Кратово, што ќе биде најголемото засилување за тимот од Кратово.
Â