Во периодот од 16 до 18 декември
2011 год. во хрватскиот град Осиек,
се одржа Светскиот Куп во Кик Бокс во следниве дисциплини: семи контакт, лајт контакт и лоу кик. Таму беше присутна и Македонската Кик бокс репрезентација со своите натпреварувачи, меѓу кои и нашите сограѓани Оливер Трпковски и Мартин Митевски. И двајцата се членови и активно тренираат во новоформираниот Кик Бокс клуб ''Хај Кик'' во Кратово.-Во конкуренција на 630 натпреварувачи од 7 земји (Хрватска,Србија, Унгарија, Словенија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Македонија), се изборивме за влез во финалето. Мојот поискусен колега Оливер на Светскиот куп настапи во дисциплината Лоу Кик во категорија -86 кг., каде го освои второто место и се закити со сребрен медал. Во истата дисциплина Лоу Кик се натпреварував и јас, но во категорија +91 кг. и го освоив второто место. Во финалната борба бев поразен од хрватскиот репрезентативец - истакна младиот кик боксер од Кратово Мартин Митевски.
Поради големата конкуренција на Светскиот Куп и двајцата кик боксери во целост се задоволни од постигнатиот успех и понатаму од нив очекуваме често да се наоѓаат на пиедесталот.
















