gogo

A+ R A-


Џонов во Беласица, Јонузи во Ѓорче, Илјази во Ренова, Мавров во...

Во текот на зимскиот преоден рок редовите на Силекс ги напуштија неолку квалитетни фудбалери, кои не добија соодветна минутажа и среќата ја побараа во други клубови. Бекот Ѓорѓи Џонов потпиша за струмичка Беласица, додека Митко Мавров од семејни причини си замина од Кратово и сеуште е во потрага по нов клуб. Двајцата млади Албанци, кои имаа солидни настапи во дресот на Силекс на мечевите кои ги одиграа, имаат нови прволигашки клубови. Валмир Јонузи својот несомнен квалитет ќе го докажува во Македонија Ѓорче Петров, додека Лиридон Илјази ќе настапува за Ренова. Засега останува непознато дали нов клуб пронајде српскиот интернационалец Душан Младеновиќ, кој во Кратово се задржа само шест месеци.

alt

фото - Струмицаденес.мк

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.