Можеби звучи по малку чудно, но англиски репрезентативец во младите категории кој во минатото бил член на Ливерпул, Дејв Моли, е пред трансфер во кратовски Силекс!!! Иако пред десеттина дена беше најавуван како можно засилување на Брегалница, сепак црномурестиот Моли денес настапи во дресот на Силекс против Б тимот на Вардар, а притоа постигна и ефектен гол со удар од далечина.
20-годишниот голгетер Дејв Моли потекнува од фудбалската школа на „црвените“, а играл и во дресот на Вулверхемптон, и би можел да го засили Силекс во зимскиот преоден рок.