Поранешниот играч на Силекс, Саша Васов, кој во дресот на кратовци настапуваше во 2011 и 2012 година, деновиве го постигна можеби најубавиот погодок 2018-та на Балканот. Тој настапува за третолигашот Балкански од Димитровград, а волејот од 25 метри вреди да се погледне неколку пати.

















