gogo

A+ R A-


Екс-тренерот на Силекс, Ане Андовски, на клупата на Дрита

alt

По само три месеци без ангажман, доскорешниот тренер на Силекс Ане Андовски пронајде нов клуб. Екипата на новиот прволигаш Дрита од Боговиње експресно го реши проблемот со Шеф на стручниот штаб по заминувањето на Јетон Беќири кој поднесе неотповиклива оставка. Од денеска прв стратег на Дрита е познатиот тренер Ане Андовски кој во претходните неколку шампионати успешно ја предводеше екипата на Силекс а работеше и во Македонија ЃП.

Андовски ќе дебитира веќе утре кога Дрита во Боговиње го пречекува најголемото изненадување во првенството екипата на Хоризонт Турново. Дрита во моментов се наоѓа на 10-тото место на прволигашката табела со 7 освоени бодови. Наскоро се очекува и дуелот меѓу Силекс и Дрита и соочување на екс-тренерот Андовски со своите кратовци.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.