gogo

A+ R A-


„Ел класико“ на Истокот, Брегалница го пречекува Силекс

altДенешниот ден е вистински празник на фудбалскиот Исток, денес на подновениот терен во Штип ќе се види кој е владетел на Истокот, дали фудбалерите на Силекс или домаќинот на овој меч, Брегалница од Штип. Атмосферата е наелектризирана, Силекс брка бодови за да остане во битката за излез во Европа, а штипјани за бегство од последната позиција која води во понизок ранг.
-Свесни сме дека не очекува многу тежок меч кај незгодната Брегалница. Добро е што притисокот е врз нив, бидејќи грчевито се борат за опстанок, а ние, пак, одиме по три бода за да се доближиме до Пелистер и Работнички во борбата за третата и четвртата позиција. Максимално сме подговени, работевме напорно цела недела и се надеваме на добар резултат - вели стоперот во редовите на Силекс, Столе Стојчевски, кој го пропушти претходниот меч со Победа поради акумулирани картони.
Во есенскиот дел Силекс ја порази Брегалница во Кратово со 1-0, а славеше и на гостувањето во Кочани со 2-0. Во обложувалниците букмејкерите му даваат предност на Силекс. Квотата за 1 е 2.90, а за тримф на кратовци околу 2.30. Мечот започнува во 14 часот на градскиот стадион во Штип.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.