Женскиот клуб од Кратово, Ел Коритон, учесник во Суперлигата во женска конкуренција не допатува да го одигра мечот од првото коло против екипата на Жито Прилеп. Имено, кратовскиот тим имал сериозни финансиски проблеми, а немало ниту тренинзи. Ваква судбина ги снајде ЖРК Гевгелија и велешкиот Леов Бартек. Ако ЕЛ Коритон се повлече од Суперлигата тогаш ќе се натпреваруваат вкупно седум екипи, ЖРК Металург, ЖРК Куманово, Жито Прилеп, ЖРК Вардар СЦБТ, Металург-Скопје, РК Кичево, РК Кожувчанка.
Ел Коритон е формиран во 2002 година, а на своите кратовчани годинава им овозможи да гледаат суперлигашки натпревари, но повеќе од јасно е клубот нема светла иднина. Сепак, останува да се види што ќе се случи со кратовскиот тим. Ел Коритон има создадено и неколку млади талентирани ракометарки кои денес играат во други клубови во Македонија.
www.ekipa.mk