Викендов почнува новото фудбалско првенство, а на стартот две фудбалски дербиња. Утре шампионот Шкендија го пречекува Вардар, а во недела (17 час), се игра малото дерби во Кратово меѓу Силекс и Шкупи. Чаирчани се големи должници на кратовци, токму тие во последното коло им го одзедоа четвртото место во минатото првенство и излегоа на мегдан на шкотскиот гигант Глазгов Ренџерс. Сега во Кратово се кројат планови за одмазда, а еден од оние од кои се очекува да „експлодира“ е напаѓачот Емануел Мбела, кој во минатото го носеше дресот на Шкупи.
-Ќе биде тежок меч, не очекува голема битка на теренот за бодовите. Од мене се очекуваат голови, но за мене најважно е да победиме, а во втор план е дали јас или некој друг ќе биде стрелец. Сепак, со посебна инспирација ќе настапам против мојот поранешен клуб - вели Французинот во дресот на Силекс.
Емануел Мбела посакува триумф против својот поранешен клуб Шкупи
Најново
![]() | Денеска | 2460 |
![]() | Вчера | 2878 |
![]() | Оваа недела | 8978 |
![]() | Минатата недела | 26770 |
![]() | Овој месец | 52746 |
![]() | Минатиот месец | 138483 |
![]() | Вкупно | 22243528 |