Со одигрувањето на реванш дуелите од осминафиналната рунда, познати се шест екипи кои обезбедија пласман во четвртфиналето на фудбалскиот Куп на Македонија. Меѓу осумте најдобри во Купот на Македонија се пласираа: Ренова, Силекс, Кожув, Хоризонт Турново, Дрита и Тетекс. Последните два патника во четвртфиналето ќе бидат познати на 21 и 22 октомври. Најголемото изненадување го приреди второлигашот Еуромилк Горно Лисиче, кој успеа да го елиминира прволигашот Силекс, откако одигра 0-0 денес на стадионот во Маџари. Одлучувачки се покажа погодокот на првиот меч во Кратово, кој заврши со резултат 1-1. На денешниот меч Силекс беше за нијанса подобар противник, имаше посед на топката, но не успеа да создаде стопроцентна шанса за да го постигне тој толку посакуван погодок.
Фотогалерија од мечот на следниот линк http://www.facebook.com/pages/%D0%90%D0%91%D0%95%D0%A0%D0%8F%D0%98%D0%88%D0%90-%D0%B2%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B8%D0%BA-%D0%B7%D0%B0-%D0%9A%D1%80%D0%B0%D1%82%D0%BE%D0%B2%D0%BE/155289693956
На денешните реванш натпревари од осминафиналната рунда беа постигнати следниве резултати:
Ренова – Гостивар 1:0 (4:1 прв натпревар),
Еуромилк - Силекс 0:0 (1:1),
Напредок - Кожув 1:5 (0:0),
Тетекс - Шкупи 1:0 (1:1),
Брегалница – Хоризонт Турново 3:4 по изведување на пенали, 0:0 регуларен дел (0:0)
Дрита - Победа јуниор 4:2 по изведување на пенали, 1:0 регуларен дел (0:1).
Преостанатите два реванш осминафинални натпревари ќе се играат следната седмица и тоа, дуелот Работнички - Пелистер (0:0) ќе се игра во вторник 21 октомври, додека ден подоцна (среда – 22 октомври) ќе се игра средбата меѓу Октомври Вардар - Шкендија (1:2)