gogo

A+ R A-


Еве зошто Станојковиќ зачести во Кратово, го повика Тимовски во У21 репрезентацијата

altПрисуството во Кратово на селекторот на младата репрезентација под 21 година, Вујадин Станојковиќ, значеше дека искусниот стратег е во мисија на скенирање. Откако ги гледаше мечевите со Тетекс и Пелистер, дилемата е разрешена. Повик во репрезентацијата за престојниот меч со Израел, кој ќе се одигра на 9 септември во Ларнака (Кипар), доби екстраталентираниот пробиштипјанец Ангелче Тимовски. Покрај него, во составот на репрезентацијата се најде и Кристијан Косотовски, кој и претходно добиваше покани.
altПовикот на Тимовски никого не изненадува, затоа што дедниот бек во првите есенски кола одигра неколку извонредни мечеви, притоа нанижа и три асистенции, по една против Металург, Тетекс и Пелистер. За него пофални зборови има и тренерот на Силекс, Зоран Штерјовски, кој вели дека Тимовски е еден од оние играчи кои многу работат, со задачи и во дефанзивата, но и во офанзивата кои ги одработува на извонреден начин.
Поканата од селекторот Станојковиќ пријатно го изненади и Тимовски, иако тој потајно се надеваше дека би можел да заигра во најдобрата млада селекција.

-Играм во голема форма, полн сум енергија и претрчувам многу километри. Ми тргна со асистенциите, на три меча прецизно ги проигрував соиграчите и освојувавме бодови кои не однесоа на врвот од табелата. Поканата од селекторот е нешто што ме направи среќен, и се надевам дека против Израел ќе ги одиграм првите минути за репрезентацијата - истакна Тимовски.   Оливер Арсовски

 

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.