Вчера и денес се одиграа натпреварите од првата рунда во националниот фудбалски куп. Доминираа фаворитите кои изборија пласман во 1/8 финалето. Единственото изненадување го приреди ФК Новаци со победата над Еуромилк од 2-1. Фудбалерите на Силекс во Битола ја совладаа Могила со 3-2. Во првите 30 минути водеа со 3-0 со двата гола на Ѓорѓиев и еден на Велинов, но до крајот на првото полувреме примија два погодоци. Во вториот дел немаше погодоци.
Kуп на Македонија 1/16 финале
Зајас – Вардар 2-4
Локомотива – Напредок 1-5
Караорман – Пелистер 0-5
Беласица - Х.Турново 0-4
Работник Л. - Шкендија (четврток Велес)
Сатеска - Брегалница (четврток Охрид)
Карбинци - Работнички (четврток Штип)
11 Октомври – Ренова 0-4
Могила – Силекс 2-3
Новаци – Еуромилк 2-1
Корзо – Металург 0-1
Миравци – Руфеја 3-0
Борец – Дрита 1-2
Љуботен - Македонија Ѓ.П. 0-3