Силекс нема изразити класични напаѓачи, па во една таква ситуација мора да се потпира на голгетерските квалитети на полушпицовите и крилата. Еден таков во редовите на Силекс е струмичанецот Филип Тимов, од кого се очекува многу на денешниот меч со првакот Вардар. Скопјани на последните четири меча (три во првенството и еден во ЛЕ) примија неверојатни 12 погодоци, или во просек три по меч. Тоа е добрата вест за напаѓачите на Силекс, очигледно е дека одбраната на Вардар е раштимана и шуплива како „швајцарско сирење“. Тоа добро го знае и Филип Тимов, од кого се очекува погодок против шампионот.
-Против фаворит како што е Вардар, други избор немаме, освен да одиграме храбро, „машки“ и да изгинеме на теренот. Ние се подготвувавме за овој меч, ваквите мечеви се чекаат со душа. Посебно за нас напаѓачите мечевите против шампионот се вистинска инспирација. Гол против Вардар не е обичен гол, туку има посебно значење. Ќе се потрудам максимално мотивиран да влеам во мечот и да го надмудрам голманот Гачевски - вели полушпицот Филип Тимов, кој во претходнотот коло го постигна победничкиот гол во Битола.
			                                         
		
		
	
	
			                                    
			                                    		                                    	                                    Филип Тимов: Погодок против шампионот Вардар има посебно значење
Најново

![]()  | Денеска | 798 | 
![]()  | Вчера | 2421 | 
![]()  | Оваа недела | 5492 | 
![]()  | Минатата недела | 20600 | 
![]()  | Овој месец | 8029 | 
![]()  | Минатиот месец | 109072 | 
![]()  | Вкупно | 22410516 | 















