Фудбалерите на Силекс во најлош можен момент гостуваат на неприкосновената Шкендија, во момент кага на неосвоивата тврдина во Тетово треба да се вадат за трите едноподруго порази во првенството. Надежи има, бело знаме нема да кренат предвреме, ама свесни се за тешката задача што ги чека.-Нема предавање, одиме да се надигруваме и ако се укаже шанса, да чепнеме барем бод и да ја прекинеме црната серија. Заплашува формата на Шкендија и шесте гола на гости со Работнички, но од друга страна, покажаа дека се ранливи во ремито со Победа на свој терен. Треба да покажеме компактна игра, нешто подобра реализација во нападот и нема да биде чудо да изненадиме во Тетово - вели еден од најдобрите поединци во составот на Силекс, Филип Тимов, кој засега има два погодоци на своето конто.
Судија на мечот ќе биде младиот Игор Стојчевски.
Филип Тимов се надева на чудо од гостувањето кај Шкендија
Најново
![]() | Денеска | 1987 |
![]() | Вчера | 10049 |
![]() | Оваа недела | 33161 |
![]() | Минатата недела | 31600 |
![]() | Овој месец | 24431 |
![]() | Минатиот месец | 133267 |
![]() | Вкупно | 20942440 |