gogo

A+ R A-


Филиповиќ: Бодовите против Мак.ЃП ни се потребни во битката за четвртата позиција

Фудбалерите на Силекс ќе имаат одлична можност да ја продолжат бербата на бодови, бидејќи утре во Кратово пристигна аутсајдерот Македонија Ѓорче Петров. Според позцијата на табелата, Силекс би требало да освои лесни три бода, но да потсетиме дека во есенскиот дел кратовци двапати ремизираа со „лавовите“, со идентични 1-1. Внимателен во изјавата е новиот стопер во редовите на Силекс, српскиот интернационалец Игор Филиповиќ.
-Прв пат ќе играм против Македонија ЃП, па затоа и не ја познавам најдобро нивната екипа. Она што го знам е дека се работи за млад тим кој многу трча и на кој му се неопходни бодови во борбата за опстанок. И ние влегуваме со своја пресметка, бидејќи многу ни се потребни бодовите за да го задржиме чекорот зад водечката четворка. Најважно е што немаме повредени и казнети играчи, па ако дадеме се од себе, бодовите нема да ни побегнат - вели Филиповиќ.
Мечот почнува во 14 часот, а судија е охриѓанецот Марјан Маркоски.

alt

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.