Добрите игри на Недељковиќ, Вујанац, Иванов, Младеновиќ и Митровиќ го поттикнаа раководството на Силекс повторно да пазари од Србија. Според последните информации, кратовскиот прволигаш доведе двајца Срби, кои треба да ја засилат конкуренцијата во одбраната и во нападот. Нови аквизиции на Силекс се стоперот Игор Филиповиќ (23) и напаѓачот Јован Кастратовиќ (24). Игор Филиповиќ е фудбалер кој во есенската полусезона играл за Слога Пожега, а претходно бил член на Младост Лучани и на Чукарички.
Напаѓачот Јован Кастратовиќ има и интернационално искуство. Тој бил дел од словенечкиот тим Алуминиј, како и полскиот второлигаш Легионово, а играл и во Борац Бања Лука.
Покрај двајцата Срби, речиси е договорен потписот на Филип Тимов, а малку потешко ќе се реализира трансферот на Глишиќод Вардар.
Филиповиќ и Кастратовиќ нови играчи на Силекс
Најново

![]() | Денеска | 876 |
![]() | Вчера | 3231 |
![]() | Оваа недела | 23861 |
![]() | Минатата недела | 23846 |
![]() | Овој месец | 73343 |
![]() | Минатиот месец | 93605 |
![]() | Вкупно | 22569435 |















