По релативно лесните противници во првото првенствено коло и Купот, фудбалерите на Силекс утре (сабота, 17.00) ќе го имаат првиот вистински тест на своите квалитети и дострели. Кратовци гостуваат во Тетово, на силниот состав на Ренова, која лани заврши едно место пред Силекс на табелата.
-Ова ќе биде прво гостување во првенството, и тоа против сериозен противник кој има малку изменет состав во однос на ланската сезона, но состав кој можеби е малку посилен од ланскиот. Нам се освен пораз ни одговара. Се игра во Тетово, свесни сме дека ќе биде многу тешко да стигнеме до трите бодови. Ги респектираме и почитуваме како тим, но и ние си имаме наши пресметки околу крајниот резултат - ни рече столбот на одбраната на Силекс, Игор Филиповиќ.
Тренерот Жикица Тасевски на располагање ги има сите играчи, освен поодамна повредениот Тодор Николовски, кој одлично закрепнува и наскоро ќе започне со тренинзи. Во тимот се врати и Филип Тимов, кој го одлежа стомачниот вирус и веројатно ќе стартува од првата минута.
Филиповиќ: Ренова е посилна од лани, но одиме по целиот плен
Најново

![]() | Денеска | 105 |
![]() | Вчера | 3231 |
![]() | Оваа недела | 23090 |
![]() | Минатата недела | 23846 |
![]() | Овој месец | 72572 |
![]() | Минатиот месец | 93605 |
![]() | Вкупно | 22568664 |















