gogo

A+ R A-


Филиповски: За Победа фаворитската улога, за Силекс бодовите

altИ Победа и Силекс се во лоша резултатска серија, на чекор од дното на првенствената табела. Некој токму денес би можел да започне победничка серија, која би ги однела во помирни води на табелата. Денешната пресметка на неутрален терен во Охрид (14.30) ќе биде неизвесен дуел, во кој ќе се влезе без многу калкулации.
-Цела недела одлично се подготвувавме, и тактички и физички, за конечно да излеземе од резултатската криза. Ако дадеме максимум, очекувам да дојдеме до трите бода. Иако се игра на неутрален терен, Победа официјално е домаќин и ним им ја предавам фаворитската улога, а бодовите нека бидат за нас - вели младинскиот репрезентативец Кристијан Филиповски.
Судија на мечот ќе биде охриѓанецот Марјан Ецкоски.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.