Убавото пролетно време беше повод фудбалерите и стручниот штаб на Силекс денес да го посетат прекрасниот манастир Св. Гаврил Лесновски во Лесново. Во опуштена атмосфера, кратовци уживаа во мирот и спокојството што ги нуди овој преубав манастир, а идејата потекнала од тренерот Момчило Митевски - Моцо. Посетата ќе им дојде како психолошка поддршка и подготовка пред тешкиот дуел в недела со Ренова, тим кој може да им ја загрози европската перспектива на кратовци оваа сезона.

















