Учениците од С.О.У. „Митко Пенџуклиски“ во Кратово сместени во ученичкиот дом, викендов настапија на квалификациски фудбалски турнир во Скопје. Со две победи и еден пораз, се пласираа на завршниот турнир „Домијада 2014“ кој напролет ќе се одржи во Струга или Охрид. Најпрвин беше совладан УД „Браќа Миладиновци“ од Штип со 5-1. Потоа следеше реми со УД „Партениј Зографски “ Скопје и триумф на пенали, за влез во финалето. Таму кратовските гимназијалци беа поразени од УД „Здравко Цветковски“ Скопје, во меч кој немаше никакво значење, бидејќи и двата тима обезбедија учество на финалната „Домијада“.
Дресот на „Митко Пенџуклиски“ го носеа Кристијан Блажев, Милко Кочовски, Ненад Стојанов, Роберто Стојков, Тоше Манов и Александар Младеновски, под менторство на професор Анита Марковска - Јанева.