Фудбалската федерација на Македонија, која важи за најбогата спортска федерација во земјава, донесе одлука за донација за Давид Стојановски од Кратово, младиот тринаесетгодишен фудбалер кој боледува од рак.
Одлуката е донесена на предлог на членот на Управниот одбор на ФФМ од Кратово Добре Иванов, кој по консултации со претседателот на федерацијата, Илчо Ѓорѓиевски, издејствувал донација во висина од 60.000 денари.
- Пред да се разболи, Давид беше дел од пионерските категории во ФК Силекс. Разговарав со претседателот Ѓорѓиевски финансиски да му помогнеме на Давид, по што управниот одбор донесе одлука за донација од 60.000 денари. Иако кубуриме со средства, успеав да издвојам дополнителни 5.000 денари од општинскиот фудбалски сојуз на Кратово. Â Го помагаме и одржувањето на хуманитарниот меч меѓу ветераните на Силекс и футсал-клубот од Кратово, а парите собрани од продажба на влезници ќе одат на сметката на Давид Стојановски – рече Добре Иванов.Â
Оливер Арсовски