Во меч кој требаше да биде „генерална проба“ пред стартот на пролетната полусезона, фудбалерите на Брегалница беа поуспешни од Силекс и победија на свој терен со минимални 1-0. Голот падна во 60-та минута, а стрелец беше Ристе Наумов. Сепак, во таборот на кратовци владее мало незадоволство, не толку од резултатот, колку од односот кон нив од страна на домаќините.
-Сите 90 минути бевме под силен притисок од домаќинот, иако се работеше за пријателски меч. Впрочем, мечевите меѓу Силекс и Брегалница ретко кога биле пријателски, секогаш имало тензии, но овојпат имавме впечаток дека штипјани сакаат по секоја цена да победат. Имам големи забелешки и на судиите, кои судеа во корист на домаќинот и кумуваа на погодокот - истакна напаѓачот на кратовци Стојанче Велинов.
Кратовци следниот викенд гостуваат во Миравци, а Брегалница го пречекува лидерот Хоризонт Турново. Оливер Арсовски
Генералката неуспешна, Силекс минимално поразен од Брегалница
Најново

![]() | Денеска | 1668 |
![]() | Вчера | 2629 |
![]() | Оваа недела | 8991 |
![]() | Минатата недела | 20600 |
![]() | Овој месец | 11528 |
![]() | Минатиот месец | 109072 |
![]() | Вкупно | 22414015 |















