gogo

A+ R A-


Гент вреди 58 милиони евра, Шкендија само 7, Свен Кумс поскап од целиот ростер на тетовци

http://img09.deviantart.net/f4a8/i/2016/004/9/8/kaa_gent____ucl_wallpaper_by_matographics-d9ms40x.jpgМожеби не е тим од рангот на Шахтјор Доњецк или Фенербахче, но сепак, белгиски Гент не е ни малку лесен противник на Шкендија, имајќи предвид дека играчите на овој тим вредат неверојатни 58 милиони евра. За споредба, Трансфермаркет екипата на Шкендија ја вреднува само 7 милиони евра, или осум-девет пати помалку од белгијците. Колкава е вредноста на Гент, говори податокот дека во составот имаат дури петмина играчи со проценета вредност од над 4 милиони евра. Великанот од Белгија, кој некако е во сенка на големиот Андерлехт, лани ја мина групната фаза од Лигата на шампиони, оставајќи ги зад себе Валенсија и Лион, а беше елиминиран во осминафиналето од Волфсбург. Главни ѕвезди во тимот се Свен Кумс и Лоран Депоитре, чија поединечна вредност на Трансфермаркет е поголема од вкупната вредност на тимот на Шкендија. Во споредба со нивната вредност од 6-7 милиони евра, вредноста на Ферхан Хасани од 750.000 евра изгледа, во најмала рака, смешно. Но, во фудбалот не играат парите, туку срцето, а тоа летово на најдобар можен начин го покажа Шкендија, па да се надеваме на уште едно големо изненадување на тимот предводен од Бруно Акраповиќ.     Оливер Арсовски

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.