gogo

A+ R A-


Гимназијалците од Кратово освоија сребро во фудбал на Домијада во Струга

altСамо лошото изведување пенали во финалето против ГУЦ „Здравко Цветковски“ од Скопје ги спречи младите талентирани фудбалери од СОУ „Митко Пенџуклиски“ од Кратово да го освојат првото место на „Домијада 2013“. Се работи за традиционално натпреварување на ученици кои се сместени во ученичките домови низ државата, а годинава се одржа во Струга. Можеби на кратовското училиште ќе му се насмевнеше и златото да не беше пехот во финалето, кога еден од најдобрите фудбалери Роберто Стојков при еден дуел заработи фрактура на носот. Повредата веднаш била санирана во струшката болница, а за него постојано се грижел менторот проф. Анита Марковска - Јанева, под чија палка младите фудбалери се закитија со второ место.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.