gogo

A+ R A-


Глигоров: Имаме доволно мотиви да го совладаме Вардар, не ни треба премија од Шкендија

altСпоред пишувањата на медиумите, раководството на тетовска Шкендија (не)официјално поделило по 300 евра премија за секој играч на Ренова затоа што успеале да извлечат реми на свој терен против Вардар пред две кола. Фудбалската чаршија деновиве се распрашува дали и фудбалерите на Силекс ќе бидат премирани доколку успеат да го запрат Вардар, и колку ќе изнесува за евентуална победа. Гласините допираат и до играчите на Силекс, кои се едногласни дека тоа воопшто не ги интересира.
-Ние имаме доволно мотиви да го победиме Вардар, дополнителна мотивација од други клубови не ни треба. Сите играчи се подготвени да дадат се од себе, името Вардар е доволна мотивација за секој играч. Играме дома, а тука годинава имаме перфектен скор од три победи. Ќе гриземе за три бода, иако и нерешен исход нема да биде неуспех. Само посакувам малку и среќата да биде на наша страна - вели повратникот во редовите на Силекс, Глигор Глигоров.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.