gogo

A+ R A-


Глигоров: Респект за Македонија ЃП, бодовите за Силекс

altДенес (сабота, 16.30 час) на програмата се натпреварите од четвртото прволигашко коло во македонското фудбалско првенство. Силекс, по два врзани триумфа над Победа и Брегалница, ќе има извонредна можност да дојде до хет-трик, бидејќи во Кратово гостува Македонија Ѓорче Петров. Гостите немаа баш најдобар старт во лигата, но сепак, респект мора да постои кон секој тим.
-Секој противник мора да се почитува, па така и младиот состав на Македонија ЃП. Имаат солиден состав, но ние на домашен терен ќе настојуваме да освоиме што повеќе бодови. Подготвени сме максимално, ќе недостига само Џонов поради црвен картон, но тука се Тимовски и Младеновиќ да ја пополнат празнината и да стигнеме до посакуваните девет бода по четири кола - вели искусниот Глигор Глигоров.
Кратовци се изразити фаворити во обложувалници, каде триумфот на домашниот тим е вреднуван со коефициент 1.40.
Судија на мечот ќе биде охриѓанецот марјан Ецкоски.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.