
Ненад Мишковски е фудбалерот кој, најверојатно, го доби најбрзиот жолт картон во историјата на македонскиот прволигашки фудбал. На мечот во Кратово меѓу Силекс и Ренова, Мишковски по само 10 секунди игра направи груб прекршок, за кој оправдано доби жолт картон.
















