На неполн месец до првото квалификациско коло од Лига Европа, во редовите на Силекс се случи неочекуван пех. Еден од најдобрите поединци во тимот, голманот Милан Митровиќ, ја скина тетивата на вчерашниот тренинг. Тоа за кратовци ќе биде голем хендикеп, затоа што на располагање го имаат ветеранот Горан Симов и неискусниот Пановски. Времето е кусо, а замена, и тоа достојна ќе морада се бара под итно.
-Цела сезона тренирав и играв во исчекување на тој меч од Лига Европа. И кога го дочекав, ми се случи најлошото. При еден голмански тренинг, се фрлив по топката и слушнав некој чуден звук во ногата, како кршење на пластика. Потоа бев пренесен во болницата Систина и за кусо време бев опериран. Многу ми е тешко, 2-3 месеци ќе морам да носам гипс, а потоа уште толку рехабилитација и отиде цела есенска полусезона - со јад во душата ни раскажа голманот од српско Лебане.
Голем хендикеп за Силекс, голманот Митровиќ ја скина тетивата
Најново
![]() | Денеска | 14205 |
![]() | Вчера | 25307 |
![]() | Оваа недела | 66804 |
![]() | Минатата недела | 221498 |
![]() | Овој месец | 786229 |
![]() | Минатиот месец | 151113 |
![]() | Вкупно | 21991278 |