gogo

A+ R A-


Големиот футсал-магионичар Рикардињо доаѓа во Скопје

alt

Фудбалската федерација на Македонија од 5. до 7. декември е организатор на футсал турнир на кои ќе настапат најдобрите репрезентации за Македонија, Португалија и Босна и Херцеговина.

Натпреварите ќе се одиграат во спортскиот центар „Борис Трајковски“ – ВИП арена. Блок влезница за сите три натпревари чини само 100 денари и веќе се пуштени во продажба преку продажната мрежа на mktickets.

Во Скопје како дел од репрезентацијата на Португалија ќе пристигне славниот Рикардињо, виртуозот висок само 164 сантиметри чија големина не се однесува на неговата височина, туку на фудбалските акробации и мајсторството на паркетот.

alt

Ако до сега не сте го гледале еден од најдобрите футсал играчи во светот на турнирот во Скопје имате ретка можност да се запознаете со маестро Рикардињо, вистинскиот футсал мајстор.

Билетите можат да се купат електронски на http://www.mktickets.mk/ или во следните продажни места:  Југотон ГТЦ 1 кат; Универзална Сала – Скопје; Тобако - МПМ ПРЕС; Тобако  Гоги - Драчево ; Тобако Дрводекор; Тобако 2 – Скопјанка; Њу Тобако - Охрид ; Нептун Стадион; Нептун City Mall; Нептун Аеродром; Нептун низ Македонија: Струмица, Кавадарци, Гевгелија, Велес, Куманово, Гостивар, Струга, Охрид, Кочани и Штип;

Распоред на натпревари:

5. декември 18:00 часот: Македонија – Босна и Херцеговина

6. декември 17:00 часот: Португалија – Босна и Херцеговина

7. декември 17:00 часот: Македонија - Португалија

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.