gogo

A+ R A-


Голманот Божиновски потенцијален репрезентативец, Велинов отпадна од списокот

altСелекторот на македонската фудбалска репрезентација Чедомир Јаневски го соопшти списокот на фудбалери на кои ќе смета за пријателскиот натпревар со Полска, што ќе се одигра на 14 декември во Анталија. На него се најдоа 19 фудбалери од домашното првенство, како и двајца интернационалци. Што се однесува до играчите од домашниот шампионат, најмногу фудбалери (5) има од Вардар, а потоа следува Напредок како клуб најзастапен со „домашни репрезентативци“ (4), а еден фудбалер е повикан и од редовите на Силекс. Иако првично беше најавен напаѓачот Стојанче Велинов како потенцијален репрезентативец, во финалната верзија тој отпадна, но затоа влета Даниел Божиновски, кој навистина со одбраните во есенската полусезона делуваше импресивно на голот на Силекс. Можеби на списокот на Јаневски требаше да се најде место и за Даниел Лампевски, но можеби во некоја идна прилика.

 Првиот собир на оваа „домашна репрезентација“ е закажан за в недела во хотелот „Континентал“ во Скопје.

Бр.

Презиме

Име

Клуб

1

Наумовски

Кристијан

Динамо Букурешт (Романија)

2

Димовски

Стојан

Хоризонт Турново

3

Божиновски

Даниел

Силекс

4

Брдаревски

Владица

Работнички

5

Китановски

Томе

Пелистер

6

Бериша

Седат

Шкендија

7

Мојсов

Даниел

Војводина (Србија)

8

Димитровски

Владимир

Работнички

9

Цикарски

Мите

Вардар

10

Стјепановиќ

Остоја

Вардар

11

Ранѓеловиќ

Предраг

Вардар

12

Најдовски

Филип

Напредок

13

Неџипи

Ндерим

Шкендија

14

Блажевски

Дејан

Хоризонт Турново

15

Петрески

Владимир

Напредок

16

Митров

Иван

Брегалница Штип

17

Ѓоргиев

Драган

Вардар

18

Ејупи

Музафер

Шкендија

19

Костовски

Јован

Вардар

20

Симоновски

Марко

Напредок

21

Марковски

Ристе

Напредок

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.