По кус престој надвор од редовите на Силекс, голманот Горан Трајковски и напаѓачот Кристијан Костовски повторно ќе го облечат дресот на кратовскиот прволигаш. Трајковски една сезона беше дел од тимот на Плачковица, каде бриљираше на голот и како созреан голман ќе биде силна конкуренција на досега неприкосновениот Андреј Ефремов. како што стојат работите, Стефан Истатов летово ќе си замине во нова фудбалска средина.
За Кристијан Костовски не треба многу да се трошат зборови. Тој по престојот во Македонија ЃП, се враќа повторно во Силекс, а очекувањата се да биде силна конкуренцијата на крилните позиции во тимот од Кратово.

