gogo

A+ R A-


Горан Ганчев стана „шеик од Бахреин“

Фудбалското првенство на Бахреин е новата попатна станица во богатата интернационална кариера на Горан Ганчев. 30-годишниот стопер, кој досега настапуваше во индонезискиот клуб Персебаја, и понатаму останува на азискиот континент, но овојпат во дресот на Бусаитен.

alt-Попишав договор до крајот на сезоната со актуелниот шампион на Бахреин под одлични финансиски услови. Клубот зимава осетно се засилува затоа што наскоро не очекуваат настапи во Гулф-купот со прваците на Катар и Дубаи. Инаку, овде е друга планета, имаме извонредни услови за тренинг и настапуваме на националниот стадион со капацитет од 35.000 гледачи. Со клубот ќе бијам битка на четири фронта, па се надевам на нови трофеи – ги пренесе првите впечатоци Ганчев.

Искусниот стопер последните четири години ги мина во странство, настапувајќи за Железничар, Вележ, Запрешиќ, Медан и Персебаја.    Оливер Арсовски    www.vest.mk

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.